“Инвест банка” се спојува со штедилница “Малешевка”
Инвест банка-а.д. Скопје денеска и формално-правно ќе се спои со штедилницата “Малешевка” од Берово. Сите подготовки за присоединување се завршени, добиена е потребната дозвола од Народната банка на Македонија, а она што единствено се чека е на денешното собрание на акционерите на Инвест банка да биде потврдена оваа одлука.
Како што велат од Банката, со присоединувањето штедилницата го губи правниот статус и во иднина ќе работи под името на оваа Банка. Инвест банка ги презема сите обврски на “Малешевка”, вклучувајќи ги и шесте вработени. Од Банката велат дека се работи за исклучително профитабилна штедилница , а дека целта за нејзино спојување е окрупнување на капиталот. (В.М.Б.)