Цените на глобалниот пазар на обврзници никогаш не биле поголеми, а со тоа и приносот е помал, што според мислењето на аналитичарите, e порака до пазарот дека поттикнувањето на централните банки не успеаваат да ја остварат својата цел.

Минатата недела приносите на 10-годишната германска обврзница (Bund) и 30-годишната швајцарска обврзница за прв пат во историјата се најдоа во негативна територија.

Со други зборови, инвеститорите се подготвени да и платат на Германија и Швајцарија за да ги позајмат своите пари и тоа на рок од три децении. Во петокот приносот на „Bund” се подигна на 0,015 oтсто.

Трендот на падот на приносот ја следеше и американската државна 10-годишна обврзница, па приносот на оваа должничка вредносна хартија се намали до 1,51 проценти. Тоа е прилично близу до рекордно нискиот принос од 1,39 oтсто постигнат во 2012-та година.

Зад падот на приносите се крие централната банка, чија политика за транспорт на огромни суми на пари на финансиските пазари не успеа да ги укине економскиот раст и инфлацијата, вели за „CNBC”, Џорџ Гонклавес, аналитичар на јапонската банка „Nomura”.

„Можеби тие политики не се ефикасни. Таа нова тема, која се повеќе расте во текот на оваа година, гласи: момците не можат да генерираат раст и да и помогнат на светската економија. Мораат да купуваат обврзници”, истакна Гонклавес во развогор за американскиот медиум. Со британскиот референдум и останувањето како член на Европската унија, странските аналитичари нагласуваат дека потезите на централните банки сами по себе станаа фактор на страв.