x

Им прекипе: Шалке експресно му врачи отказ на Давид Вагнер

wagner-schalke

По катастрофалниот старт и убедливите порази од Баерн (М) и Вердер на стартот на новата сезона во Бундеслигата, Шалке 04 му даде отказ на главниот тренер Давид Вагнер. Утрово од клубот објавија дека покрај Вегнер, од клубот заминуваат и неговите помошници Кристоф Билер и Френк Фролинг.

„Сите се надевавме дека ќе можеме да постигнеме спортскиот пресврт заедно со Давид Вагнер. За жал, првите два натпревари од новата сезона не ги дадоа потребните перформанси и резултати“, објаснува Јохен Шнајдер, директор за спорт и комуникација во клубот.

Шалке беше поразен со 8-0 од Баерн Минхен на нивниот натпревар минатиот викенд и претрпе нов пораз од 3-1 од Вердер вчера. Тимот не победи на ниту еден од последните 18 натпревари во лигата.

Наследникот на Вагнер ќе биде познат во наредните денови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата