Гостварец бил измамен со лажна продажба на стан.

Настанот се случил пред 3 години, а мажот тогаш им исплатил  7.620 евра.

Од МВР информираат дека измамата ја извршиле две лица Ј.А.(29) и Т.Л.(58), од Гостивар, а против нив деновиве поднесена е кривична пријава.

„Тие на пријавителот Д.Л.(35) од Гостивар му понудиле стан за продажба во Струга, кој никогаш не го поседувале во нивна сопственост, за цена од 8.000 евра, сума која ја договориле со усмен договор“, велат од полицијата.

извор: Makfax