Генералот Вељко Кадијевиќ (82), завчера по повеќе години, првпат се огласи и во тешка конспрација се сретна со еден хрватски новинар на порталот Бусинесс.хр во “еден европски парк”, но со прецизни упаства: “врската ќе воспостави врска со генералот, а тогаш ќе треба да се вклучи диктафонот со слушалки на ушите и да се пушти господинот генералот да зборува без прашања. Потоа изјавата да се симне, препише, и лентата веднаш да се врати.На средбата Кадијевиќ предложил без чекање да се помине на неговата изјава:
“Хрватската потерница воопшто не ме интересира, мирно спијам. Тужбата и да е 33-та, а камоли трета, ни малку не ме плаши. Јас спасував една држава, која многумина, како вашиот претседател Месиќ, сакаа да ја разбијатт.

На новинарот му потврдил дека е советник на воената коалиција во Ирак, но дека тоа не значи дека таму е постојано. Кога на Американците им ги открил сите бункери и ја опишал сета технологија, која поранешна Југославија му ја продаде на Садам, отишол малку на одмор, но не кажал каде живее тогаш и сега.

Потоа, нагло ја сменил темата и се префрлил на Фрањо Туѓман , со кого, “секогаш можело да се догвориш. Жестоко го нападнал Стипе Месиќ кому никогаш не му верувал, бијдеќи во клучни моменти го изманипулирал Туѓман. За да го поткрепи ова, го навел примерот кога во јуни 1991 година Туѓман на седницата на Претседателството на СФРЈ ја прифатил одлуката за расформирање на паравоените единици и оружјето да им се предаде на подрачните воени единици. Но, се пропаднало, бидејќи Месиќ “нешто му сматил на Туѓман”, па Хрватите вратија само 150 “цевки”. Кога Фрањо видел што се случува беќе било доцна.

На крајот на новинарот му кажал да го праша Месиќ за неговиот договор со Вук Драшковиќ, во јуни истата година, за уривање на ЈНА и раководството на Србија, со цел Драшковиќ да дојде на власт. Исто така, им порачал на “сите што се грижат за него”, дека и покрајо тоа што е стар, “е здрав и имун на потерници и судови”.

Неговата сигурност во изјавите што ги дава, велат дека доаѓа токму уште од таа 1991 година кога “поради болест” се повлече од функцијата. Тогаш го посетил угледниот конгресмен Џими Муди, кој одлично зборува српски и работел во амбасадата на САД во Белград во 80-тите години. Наводно, тогаш бил договорен неговиот дил со Американците, а ништо чудно дека им бил советник и за време на Заливската војна. Па веројатно од тие времиња и датира неговиот имунитет кон “сите судови”?