Ова е трета “епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, помогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура. Новата „Импровокација” носи нови игри и многу забава.

Инаку, ваквата форма на театар првпат се воведува во нашата земја, па дури и во регионот. Целта е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика.
Театарската импровизација „Импровокација” е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа. Бројот на влезници е ограничен, а претставата започнува во 20:00 часот.