x

Имола очекува да се најде во календарот на Ф1 трки оваа година

Директорот на патекатa во Имола, Селватико Естенс изрази надеж дека легендарната патека ќе биде домаќин на една од рките во перостанатиот каленадар во Формула 1 за тековната 2020 година. Според него, би било супер ако во 2020 година три трки се одржат во Италија и тоа одеднаш на патеките во Монца, Мугело и Имола.

„Имола ја има Формула 1 во својата ДНК. Тука беше направена историјата на Формула 1. Ова не треба да се заборава и ние имаме право да бидеме горди на тоа. Со оглед на локалната економија во ова време на криза и гледајќи кон иднината, ние се стремиме да ја вратиме најдобрата серија на Имола од оваа година. Најлогично и најсоодветно за фановите на Формула 1 од целиот свет би било да ги користат најпознатите патеки, а ние сме меѓу нив. Можеби, заедно со Монца и Мугело, би можеле да ја организираме легендарната тројна трка на италијанска сцена“, изјавил Естенс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата