x

Имери за прв триумф на Шкендија на подготовките

Екипата на Шкендија успеа да слави со минимални 0:1 на пријателскиот меч одигран на гости во Гостивар. Со гол постинат уште во првото полувреме, тетовци дојдоа во водство во 28. минута преку Омар Имери, а потоа истото го задржаа.

Иако и домашните и гостите на овој меч одиграа отворени што се вели посакуваа победа сепак, постигнат беше само еден гол, искористена само една шанса.

Ова за двата тима беше првиот пријателски натпревар ова лето, а Шкендија по престојот во Маврово ја одработува втората етапа од подготовките.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата