Српскиот пулмолог познат по неговите контроверзни изјави, Бранимир Несторовиќ денес гостувајќи во Пинк телевизија изјави дека нема повеќе никаква поента за ограничување на луѓето заради 10 пациенти кои имаат пневмонија. Како што изјави тој, сè се враќа во нормала, повторно има убиства, насилство

Нема смисла дополнително да се ограничуваат луѓето, мислам дека сега би било невозможно, тоа е мое лично мислење. Мислам дека би имало бунт ако повторно започеме да ги заклучуваме луѓето. Луѓето ментално поминаа низ оваа епидемија. Гледате вести, убиства се случуваат сега како во старите добри времиња.  Убиства, насилство, сега ќе почнат и банки да ограбуваат. Се вративме во нормала. Луѓето веќе нема да слушаат за тоа, ова е нормален механизам – рече Несторовиќ.

Како што додаде Несторовиќ, Србија, но и цела Европа, излегува од епидемијата на коронавирусот, а сега ќе се појават само споредни џебови на инфекција. Како што истакна тој, веројатно  така ќе биде до почетокот на јули.

Вирусот, како што вели, сега е слаб и од 66 новозаразени, само еден или двајца имаат пневмонија, додека во екот на епидемијата, 20 или 30 од секои 100 заразени имале пневмонија.

Многу луѓе се тестираат, а мал број се заразени. А оние што се позитивни не се разболуваат, немаат изразена клиничка слика. Не можеме да ја затвориме земјата и да ја уништиме економијата заради десетина пациенти кои имаат пневмонија. Имаме тестови, ги лекуваме – изјави тој и додаде дека полека се враќа нормалата