До тој резултат се дошло со постмортален тест на ткиво на говедо старо 12 години, потврди словенечката ветеринарна управа.

Тоа е прв регистриран случај на таа болест во Словенија по 2007 година, а тестот бил изведен во рамки на редовен мониторинг за спречување на кравјо лудило.

Кравјото лудило е болест која се појави во 1980-тите во Велика Британија. Станува збор за фатална болест на мозокот со која луѓето можат да се заразат ако јадат заразено кравјо месо. Повеќе стотици лица заболеа и многу од нив и починаа од оваа болест.