Мартина Михајловска е македонска блогерка и влијателна личност на социјалните мрежи. Ја нарекуваат македонската Ева Мендез, а јавноста ја запозна како една од најатрактивните водителки на естрадниот магазин Бекстејџ.

Кога е појави во емисијата Бекстејџ не требаше да помине долго време публиката да ја забележи и запомни.

Нејзина прва љубов е работата како фото-модел, а покрај преубавите фотографии кои можете да ги видите и на нејзиниот профил на Инстаграм Мартина досега има снимено и неколку преубави модни видеа со Зоран Зонде Стојановски.

Таа има 21 година, а од минатата година е во врска со охридскиот бизнисмен Виктор Илоски на кој му појде за рака да ја освои убавата манекенка.

Тоа дека во нивната љубов цветаат рози можеме да забележиме и од нивните заеднички фотографии. Ги следи глас дека се одличен пар, а ги поврзува и авантуристичкиот дух и љубовта кон шетањето на познати и убави дестинации.

 

@uniquemagazineofficial

A post shared by Martina Mihajlovska (@martinamihajlovska) onOct 28, 2016 at 8:14am PDT

 

??✨

A post shared by Martina Mihajlovska (@martinamihajlovska) onSep 1, 2016 at 4:13pm PDT