Искра на надеж во распространетата криза со корона предизвикана од вирусот може да биде откритието на научниците кои го следат ширењето на пандемијата. Поточно, САРС-КоВ-2 мутира побавно од другите респираторни вируси, како што е грипот.

Овој експертски заклучок има две пораки и двете се позитивни. Ова значи дека вирусот е стабилен во својата сегашна форма и веројатно нема да стане поопасен бидејќи се шири. Второ, вакцината за корона веројатно ќе биде ефективна подолг временски период.

Ваквата вакцина ќе обезбеди повеќегодишна заштита, како што е таа против сипаници, наспроти едносезонската вакцина против грипот. Питер Тилан, молекуларен генетичар од универзитетот „Џонс Хопкинс“ изјави за „Вашингтон пост“ дека анализата на илјадници примероци од вирусот корона покажала само 4-10 генетски разлики помеѓу соеви кои ги инфицирале Американците и оние што ги инфицирале Кинезите на почетокот од оваа година.

„Во овој момент, стапката на мутација сугерира дека вакцината против вирусот корона ќе се администрира еднаш, наспроти вакцината добиена на годишно ниво“, објасни тој.

Постабилен од грипот

Сите вируси мутираат со текот на времето. Како што тие се размножуваат грешките се случуваат во нивниот генетски код, а потоа се шират низ популацијата на вируси.
Ваквите мутации го одделуваат вирусот во различни видови, но честопати не влијаат колку е заразен и колку лесно се шири. Сепак, мутациите им помагаат на научниците да следат како се движи вирусот низ човечката популација – тие се како генетски трошки од леб што оставаат белег.

Новиот вирус корона се чини дека не мутира многу. Се случија суптилни промени во геномот, но вирусот се појави во иста форма каде и да се шири низ целиот свет. секој вид е скоро идентичен.

Ендру Рамбут, молекуларен еволутивен биолог на Универзитетот во Единбург, рече дека САРС-КоВ-2 акумулира во просек од една до две мутации месечно.