x

Има надеж за Пелистер (ВИДЕО)

pelister-belasica

Пелистер – Беласица 1:0 (0:0)

Стадион тумбе Кафе

Без гледачи

Главен судија: Стојанче Трпчевски Помошници: Драган Трпчевски, Душко Панов (сите од Кавадарци)

Стрелец: Талевски 81‘ (П)

Ж.картони: Кочоски, Пејаковиќ, Талески, Николовски, Маневски (П) Митевски (Б)

Играч на натпревар: Михаил Талевски (П)
Пелистер: Талески, Спиркоски, Хот (Талевски 56‘), Бошковски, Кочоски, Николовски, Фазлију (Нето 73‘), Пејаковиќ, Драгарски, Илиески, Маневеки (Наумоски 90‘)

Беласица: Ѓоргиев, Милушев, Размоски, Сулев, Калпачки (Михаилов 81‘), Митевски, Ивановски, Митевски, Серафимовски, Бајрами, Каланоски (Коцев 40‘), Да Силва

Заврши ужасната серија на Пелистер без победа. Битолчани денеска на свој терен успеаа да слават против Беласица со 1:0 и на тој начин малку од малку да „мрднат“ што се вели на подобро на прволигашката табела.
Херој на домашните на овој меч е резервистот, Михаил Талевски кој на десетина минути до крајот на мечот успеа да искористи една лоша реакција на гостинската одбрана и да погоди во мрежата на Ѓоргиев. Со ова Пелистер симна голем товар од плеќите барем за момент, затоа што победата реално мораше да дојде.

А не дека Пелистер не ја посакуваше. Одигра денеска како што треба, но реализацијата затаи. Промашија домашните грст шанси, промашија и гостите за волја на вистината. Сепак, Пелистер за нијанса посреќен поснаодлив и посконцентриран. Барем за една ситуација. А претходно се изнапромашуваа и Хот, и Кочоски, се обиде и Николовски, Фазлију, сите од ред шутираа на голот на Ѓоргиев. Тој пак, на моменти одличен спаси неколку зицер ситуации, но спаси и Талески на другата страна. Борче Маневски во самиот финиш пропушти еден на еден ситуација со Ѓоргиев, младиот голман го остави во живот својот тим, но само за да признае чесен пораз денеска на Тумбе Кафе.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата