На 07.09.2020 околу 11.00 часот во СВР Велес, О.С. од Велес пријавила дека на 05.09.2020 била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, телефонски и се јавило лицето и и кажало дека нејзиниот син и снаа направиле сообраќајна незгода во која со возилото удриле во дете мигрант и побарало пари да му помогне на синот.

Таа му дала 300.000 денари на лицето, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.