Државата одново ќе се пребројува со колку пари “потона” во “Експорт импорт” банката, иако според официјалните податоци се работи за износ од 23 милиони евра, од кои најголем дел загуби Народната банка на Македонија. Дел од овие загуби на Централната банка, од над осум милиони евра се покриени со годинашниов ребаланс на буџетот. Собраниската Анкетна комисија за испитување на причините и последиците од стечајот во оваа банка врз Буџетот, ќе достави писмени барања до надлежните органи вклучени во стечајната постапка, со цел да ја утврди висината на средствата што државата ја побарува од стечајната маса. Најдоцна до крајот на февруари, комисијата ќе треба да му реферира на Собранието до какви резултати дошла во врска со овој случај.
Независниот пратеник Аднан Ќахил, на вчерашната седница на Анкетната комисија постави хипотетичко што ќе се случи ако по завршувањето на стечајот во “Експорт-импорт” банката, излезе дека има доволно пари државата да си ги земе сите средства што ги побарува од банката? Кој тогаш ќе биде виновен? Вака ние изигруваме Баба Ванѓа”, рече Ќахил, додавајќи дека треба да се испита дали некој можел да ја спаси банката, а ја турнал во уште поголем стечај. (В.М.Б.)