На психологот од „The Sun“ му пишала  дваесетгодишна девојка која раскажува дека е во врска со таткото на нејзината блиска другарка.
Писмото на девојката:

Се гледам со таткото на мојата најдобра пријателка двапати неделно. Јас и мојата другарка и двете сме по дваесет години и заедно сме уште од градинка. Нашите родители се пријатели сите овие години. Таткото на мојата другарка има 45 години и тој е претставителен. Пред неколку месеци отидов да го позајмам стариот мобилен телефон од мојата другарка. Нејзиниот татко ја отвори вратата и ми рече да одам во нејзината соба и да го земам бидејќи таа беше замината на работа. Го земав и додека си заминував, тој стоеше на влезот и ми рече: „Мислам дека си многу привлечна девојка. Имаш ли дечко? ” Кога му реков дека не, тој продолжи да ме прашува дали сакам да имам секс со него. Тој рече дека неговата сопруга не била заинтересирана за секс бидејќи пред неколку години поминала низ депресија.
Признав дека тој исто така ми изгледаше привлечно и пред да ја завршам реченицата ми ги допре градите. Заминав и додека си одев за дома тој ми испрати смс каде ми кажуваше што ќе прави со мене во кревет. Тој ме замоли да одам следниот ден кога повторно ќе биде сам дома.

И само што го допрев ѕвончето тој ме повлече во ходникот и почна да ме допира. Едвај чекавмеда се качиме горе и сексот беше многу страствен. Се гледавме секогаш кога ќе ни се дадеше можност. Знам дека не е во ред, но не знам што да направам?

Еве го одговорот на психологот:

Тој не е слободен да те сака и ти ќе бидеш таа која на крајот ќе биде со скршено срце. Тој нема да ризикува да го изгуби бракот и семејството, ти си му на него само да го помине времето.

Твоите родители ќе ја изгубат вербата во тебе, а ти ќе ја изгубиш најдобрата пријателка. Треба да ја завршите оваа игра која сте ја започнале што е можно поскоро. Добро е да се среќаваш со твојата другарка на друго место.