Двојката го напуштила островот Вено на Микронезија на 17 август, а следниот ден требало да пристигнат на брегот на островот Татам, но не се појавиле. На 19 август била известена крајбрежната стража за нивното исчезнување, и почнала безуспеша потрага по нив.

Двојката била заробена на пуст остров со ограничени резерви и без опрема за таква ситуација.

На 24 август еден брод забележал светла на островот и била известена морнарицата на САД, која ги лоцирала благодарение на тоа што на песокот напишале „СОС”.