Фолк-ѕведата Лепа Брена денеска полни 60 години. Таа роденденот го прослави дома, на ручек со семејството, со шампањско и торта. Но, за српските медиуми Брена вели дак имала само една роднеднска желба, која годинава не ѝ се исполнила.

Годините за мене се само бројка. Јас сакав за 60. роденден да го одведам целото семејство на едно егзотично патување, но ете, желбата не ми се оствари и ќе мора да почекам до некоја следна прилика. Заради короната решивме да останеме дома и да се дружиме опуштено на ручек, наздравивме со шампањско, децата ми се тука, снаите се тука, сè е како што треба, рекла Брена.

Пејачката, на својот Инстаграм објави и неколку слики од честитките од нејзинте колеги-музичари, од пријателите и од фановите, па напиша дека ова е навистина посебен и среќен ден за неа.