Илјадници Роми ќе тргнат кон ЕУ
Илјадници Роми можат да тргнат кон Запад барајќи работа и подобар живот и ЕУ треба да се подготви за тоа, изјави романскиот претседател на Ромите, цитиран од романските медиуми. “Ромите од Романија и Бугарија во следните две години ќе ги напуштат државите и ако ЕУ не е во состојба да ги прими, Унијата ќе го загуби значењето на институција. Сметам дека ЕУ не е подготвена за тоа”, посочи самопрогласениот “крал” на Ромите, Флорин Чоаба. Тој уште кажа дека сите ги мразат Ромите, иако сите тие не се криминалци или просјаци.