Илјада евра за насловна страница
Анжелика Агурбаш, белоруската евровизиска претставничка на “Евросонг”, која неодамна ја посети и нашата земја, по се изгледа нема никакви проблеми со парите. Неодамна, убавата пејачка и актерка, која во младоста освојувала и круни на убавина во Белорусија и Мис-фотогеничност во Русија, ја побарале момците од ОГАЕ-клубот на евровизиски фанови на Германија, со молба да им испрати убава фотографија за да ја објават на последната страница на нивното списание. Менаџерите на Анжелика прашале: “А зошто не може на насловна?” “Може, но тоа чини 100 евра”, гласел одговорот што го добиле. Истиот ден парите биле префрлени и Анжелика ја украсила насловната. Инаку, Анжелика е мажена за најбогатиот грчки бизнисмен во Белорусија. Можеби таа насловна ќе иницира плус некој гласач повеќе, кој би и донел можеби и поен повеќе. (Ва.Ѓ.)