Здружението на приватните лекари преку нивни адвокат до Уставен суд поднело иницијатива за преиспитување на одлуката со која се наградуваат здравствените работници во јавното здравство кои се борат со ковид-19, пренесе СДК.

Треба ли да потсетам дека и матичните доктори беа на прва борбена линија, докторите од Дебар направија скрининг на целото населениве. Или ќе има награди за сите кои учествувавме во борбата со ковид-19 или за никој, рече на прес-конференцијата д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари, кое брои околу 1.600 доктори.

Приватните лекари од земјава реагираат на две новини кои ги подготвуваат Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. За членовите на Здружението тие се неприфатливи и тие не се согласуваат со нивно воведување.