Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку ФБ пишува за целата среќа која Македонија ја има со Бугарија, од памтивек до денес. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

– БРАТСКА ЉУБОВ (на најдлабоко ископаните очи)

Среќа што Бугарија ни помогна за Илинденското востание…

 Среќа што Бугарија не потпиша пакт со Србија и Грција за поделба на Македонија…

 Среќа што не го прати 11 полк во Тракија, тукј го прати тој полк да ја ослободи Македонија…

 Среќа што не потпишаа договор за одселување на славјанското население од Грција, туку побараа и до ден денес бараат исполнување на основните човекови права за истото население…

 Среќа што дозволи формирање на независна држава во ВСВ, наместо самата да не окупира или “администрира”…

 Среќа што не го укина учењето на македонски јазик во пиринска Македонија само неколку години после неговото успешно започнување…

 Среќа што Бугарија не призна како посебна нација и даде одраз на искрена љубов и почит кон нас и нашето право да бидеме тоа што сме…

 Среќа додека денес бараат Бугари низ Македонија и Албанија, ги бараат и низ Грција…

 Среќа што не ја блокираат Македонија во својата европска патека, како што ја блокираа Србија…

 Среќа што во Бугарија не е на сила “Стамболштината” (како што напиша Поп Арсов) како политика спрема Македонија, туку една братска и искрена љубов кон нас Македонците…

П.С. Секогаш сакам да зборувам за добрите работи во односите помеѓу соседните и блиски балкански народи, но душегрижништвото на Софија кон нас Македонците, за жал, не е искрено…

П.П.С. Ја знаете приказната за најдлабоко ископаните очи? Е таа е…