Албанскиот претседател Илир Мета на церемонијата во Венеција ја доби наградата „Златен лав“, за придонес во промовирањето на демократијата и политичкиот плурализам, зајакнувањето на мирот и стабилноста на Балканот, за промовирање на верската толеранција, како и за развојот на албанско-италијанските односи.

Наградата беше доделена од локалната власт на Венеција.

Во својот говор, претседателот Мета истакна дека наградата е симбол на пријателството помеѓу Албанија и Италија.

Тој наградата им ја посвети на Албанците во Италија, но и на илјадниците Италијанци кои, како што рече, долго време живееле и работеле во Албанија. Мета ја посвети наградата и на сите умерени лидери од регионот, кои, благодарение на својата зрелост и дијалог ги доближиле балканските земји поблиску до Европа.

Наградата е основана пред 71 година.

 

извор: Makfax