По дел од патот министерот за транспорт и врски Сугаревски, министерот за администрација Маневски, вицепремиерот Анѓушев и Љубе Бошковски биле исвиркувани, нарекувани предавници од насобраните граѓани кои започнале да ги прскаа министрите со вода и пиво, а потоа и наводно да ги гаѓаат со празните шишиња и лименки, на што за малку не интервенирале 40-телохранители и полицајци кои ја обезбедуваа делегацијата, јавува Инфомакс. Кулминација на пцовките имало кога делегацијата од владата положувала цвеќе. Еве го видеото:

 

Полицијата трага по учесниците во денешениот инцидент при прославата на Илинден во Крушево и најавува пријави против нив. Неколку групи, наводно го попречувале празнувањето на државниот празник на недоличен начин, а подоцна ја нападнале и владината делегација додека поминувала со пластични чаши и шишиња.