На дневен ред на Петтата форумска сесија ќе биде ставено гласањето за приоритетна програма од Буџетот на Општина Илинден за 2015 година. На оваа форумска сесија треба да се направи приоритет на претселектираните проекти кои треба да влезат во Буџетот, што произлегуваат од програмите во Буџетот на Општина Илинден.

Општина Илинден преку спроведување на Буџетски форум со партиципативно учество на граѓаните, транспарентно го изготвува буџетот на Општината за 2015 година, во рамките на програмата „Форуми во заедницата# што се реализира во соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој и ЗЕЛС.