Илина Арсова, утрото на 28 декември успеа да го искачи врвот Винсон-4892м, проект на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт и со тоа го комплетираше проектот Седумте врвови.

Со искачувањето на овој врв, Илина стана првата Македонка која успеа да ги искачи сите седум највисоки врвови на седумте континенти и ја вброи Република Северна Македонија со свој женски претставник во светскиот планинарски предизвик – 7 summits.

Планината Винсон на Јужниот пол е екстремно студена, но при искачувањето на тимот, заедно со Илина имале одлични услови, ладно, но без ветер.

извор: Makfax