x

Илиески: Претпазливо во Струмица, но Пелистер се знае дека мора да победува

ilieski

Тимот на Пелистер на стартот на оваа сезона одигра неколку солидни мечеви но има секако простор за напредок. Дефанзивата е на ниво, потребни се голови за да се освојат што повеќе бодови.

Викендов се гостува во Струмица каде што Пелистер го чека дуел со Беласица. Екипата која што е последна на табелата, нема сеуште освоено бодови, и тоа е што се вели за Битолчани мач со две оштрици.

Или Беласица ќе потоне скроз или пак ќе ги освои првите бодови.

„Ма какво лесно нема лесно. Не чека тежок меч. Имаме ние императив пред себе да освојуваме бодови, да играме добро, но Беласица ете е во ситуација во која едноставно мора. Сепак, ние сме Пелистер. Засега сме добри што се вели но мора да напредуваме. Мора да постигнуваме голови, зошто само така се освојуваат бодови. Лигата во моментов е таква, изедначена, Беласица не е тим кој може лесно да се победи, напротив, не чека тешка задача“ – вели Дарко Илиески, стоперот на Пелистер.

Се враќа Кочоски во составот

Валентин Кочоски конечно се враќа во составот. Некогашниот македонски младински репрезентативец е опорави од повредата на коленото и е подготвен да помогне на ова за Пелистер исклучително важно гостување.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата