x

Илиев тренира во Арсенал, и бира каде понатаму

117421510_983131465441251_1322319774681038232_n

Дејан Илиев го искористи одморот и се врати во Лондон. Му заврши позајмицата во Јагијелонија, и сега останува да се види што понатаму.

Тој има активен договор со тимот на Арсенал, кој и натаму смета на него како опција за во иднина, но реално тешко дека може да му даде шанса на нашиот репрезентативен голман во моментов.

„Не се враќам во Јагиелонија. Ќе ги разгледам другите опции кои ми се на располагање. Имам поквалитетни клубови во поквалитетни лиги кои ми се понудени па ќе разгледам што и како понатаму“ – ни изјави Дејан Илиев, за Спортмедиа.

Во меѓувреме, тој напорно тренира во базата на Арсенал каде што му е втор дом што се вели и каде што мина години и години наназад. Тренирајќи враќајќи се од повреди, операции… сето тоа го издржа Дејан Илиев и повторно застана меѓу диреците се врати уште посилен. Одбрани добро и во Серед и во Јагиелонија, а сега преостанува да видиме која опција ќе ја одбере за следна дестинација.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата