x

Илиев: Не се враќам во Јагиелонија, ќе ги разгледам останатите опции

hqdefault

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев летово ќе ја промени средината. Поточно, наесен нема да се врати во Полска, односно во тимот на Јагиелонија каде што ги одигра последните месеци, секако како позајмен играч од Арсенал.

„Еве сум во Лондон. Се чувствувам добро, немам проблеми со мускулот што ме мачеше. Што се однесува до Јагиелонија речиси е сигурно дека нема да се вратам таму, туку ќе одберам некоја од подобрите опции како клуб што ми се нудат во моментов“ – ни изјави Илиев.

Тој веројатно ќе има опција да замине и на подготовки со Арсенал како што тоа беше случај во минатото, а дури потоа тој, но и клубот заедно да одлучат што и каде понатаму.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата