Шведската компанија „Икеа“, најголемиот светски малопродажен мебел, објави дека привремено затвора околу половина од своите 30 продавници во Кина. Овој потег се презема откако бројот на смртни случаи од коронависурот во земјата се зголеми од 132 лица.

„Како одговор на апелот на кинеската Влада за ефикасна контрола на ширењето на болеста, ‘Икеа Кина’ привремено од 29 јануари ќе затвори околу половина од своите продавници во Кина“, се вели во соопштението.

Компанијата додаде дека вработените во продавниците кои се затвораат ќе добиваат плата иако ќе останат дома.

Групата Ингка, која управува со продавниците на „Икеа“ ширум светот, ја затвори својата продавница во Вухан минатата недела, каде избувна коронавирусот минатиот месец. Компанијата вработува околу 14.000 луѓе во Кина.

извор: Makfax