x

Икарди останува во Париз, ПСЖ и Интер се договориле за сума од 57 милиони евра

Иднината на Мауро Икарди е во Пари Сен Жермен. Италијанскиот експерт за трансфери Џанлука Ди Марцио за „Скај спорт Италија“ открива дека ПСЖ ќе му плати 50 милиони евра на Интер за напаѓачот кој сега игра како позајмен фудбалер во парискиот клуб. Договорен е и бонус од 7 милиони евра со што вкупната сума достигна 57 милиони.

Инаку францускиот шампион имаше опција да го купи играчот за 70 милиони евра, меѓутоа Интер прифати намалување на цената поради пандемијата со коронавирусот и финансиската криза.

Скај информира дека договорот ќе биде потпишан во текот на денешниот ден или најдоцна утре со што Интер ќе се ослободи од непослушниот фудбалер, а и Пари Сен Жермен ќе си добие уште еден напаѓач во своите редови.

Инаку Икарди постигна 20 гола во 31 меч за ПСЖ пред францускиот шампионат да биде прекинат поради вирусот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата