Непознати напаѓачи ноќеска изрешетале куќа на жител на Арачиново во која испукале четириесет куршуми, но за среќа во инцидентот нема повредени лица, соопшти скопската полиција.

Инцидентот се случил околу 2 часот кога напаѓачите дошле пред куќата на А.И., го паркирале нивниот автомобил и излегле надвор. Тие почнале да стрелаат во куќата и кога ги испразниле шаржерите влегле во возилото и побегнале.

Пукотниците ги разбудиле соседите кои веднаш ја известиле полицијата. Набрзо пред куќата на арачиновецот дошле неколку полициски тима, а во увидот биле најдени и подигнати дури 40 чаури од различен калибар.

Од скопската полиција нема информации околу мотивите за нападот, евентуалните осомничени како и за типот на оружјето кое го користеле напаѓачите.