x

Израмнето и неизвесно во Данска: ГоГ – Е.Пелистер (14-14)

85072123_2499367986944225_7744976853995094016_n-1

Вториот македонски претставник во Европската лига по првите 30. минути во Данска има добра игра, по првото полувреме против ГОГ, резултатот е 14-14. Двата тима најавија дека ова ќе биде неизвесен меч до самиот крај.

Мандалиниќ со шест гола е прв стрелец, во одлично издание е Благојче Трајковски влезе кон 20. минута и запиша шест и тоа како важни одбрани.

Битолчани го отворија мечот со 0-2 со погодоците на Мандалиниќ, домаќинот брзо се врати во игра, израмни, а потоа и поведе со плус два (8-6 и 9-7). Избраниците на Жељко Бабиќ влегоа во серија на технички грешки, а Данците брзо казнуваа.

Бабиќ на голот на местото на Чаневски го стави Трајковски во вистинско време. Со две интервенции и два успешни напади во реализација на Мандалиниќ и Кушан, Е.Пелистер израмни на 9-9 во 19. минута.

Трајковски продолжи со одличните одбрани, заедно со Мандалиниќ ја вратија позитивата (10-11) во 25. минута, период во кој битолчани имаа играч помалку. Брзата транзиција на ГОГ му донесе ново водство од два гола (13-11).  Но, битолчани покажаа дека можат да вратат на ист начин, израмнија на 13-13. На одморот со голот на Танкоски, Е.Пелистер се избори за реми.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата