x

Израел загуби дома: Мечот со Казахстан на 8 октомври ќе биде како финале за нашите млади фудбалери!

mladi-kraj-3

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, останува на второто место на табелата во својата група, откако вечерва Израел приреди уште едно непријатно изненадување за своите навивачи. Младите надежи на Израел кој требаше да бидат главен опонент на Македонија за 2. место во групата, по поразот од Фарските Острови вечерва дозволија да бидат поразени и дома од селекцијата на Казахстан со 2:1.

Со оваа победа, сега Казахстан се израмни со Македонија на 2. место на табелата во групата „6“ со по 10 освоени бода, но со таа разлика, што Казахстан има одиграно еден меч повеќе од нашата репрезентација.

По ова изгледува дека следниот меч на 8 октомври кој Македонија го игра токму со Казахстан на гостински терен, ќе биде клучен во битката за второто место кое може да не однесе на уште едно младинско европско првенство. Да потсетиме, на дуелот Македонија – Казахстан во Скопје резултатот беше 1:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата