Израелската војска изврши серија одмазднички напади против наводни терористички цели во Појасот Газа кога ракетниот оган од палестинската енклава го принуди премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, да го прекине говорот од кампањата и да побара засолниште, пренесува РТ.

ИДФ потврди дека неговите воени авиони и хеликоптери погодиле неколку цели што му припаѓаат на Хамас вклучувајќи ги и воените комплекси на групата рано утрово.

Нападите доаѓаат како одмазда за една ракета лансирана наводно од Појасот Газа кон јужниот град Ашкелон, каде што Нетанјаху имаше предизборен митинг.

Израел потврди дека ракетниот одбранбен систем на земјата „Железна купола“ пресретнал ракета лансирана од Појасот Газа.

По предупредувањето за нападот, Нетанјаху се врати на сцената за да го заврши обраќањето пред своите гласачи. Тој исто така издаде предупредување за оние што стојат зад лансирањето на ракетата од Газа.

„Тој што ги истрела ракетите последниот пат не е веќе со нас. И тој што стрелаше, сега подобро да почне да си ги пакува куферите,“ рече Нетанјаху.

извор: Makfax