Aвионите на израелските воздухопловни сили извеле серија напади врз ирански цели во Ирак, бомбардирајќи ги двапати за 10 дена, пренесува„Тајмс оф Израел“, цитирајќи го „Ашарк ал Авсат“, лондонски весник на арапски јазик, објавен во Лондон, кој пак, цитира неименувани западни дипломатски извори.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште не ги коментираа извештаите.

Изворите тврдат дека израелски борбен авион Ф-35 извршил напад на ракетно депо во база на шиитската милиција на север од Багдад на 19 јули.

Наводните напади следат откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Иран е во опсегот на израелските воени авиони. Нетанјаху одговори на претходното предупредување од иранскиот пратеник Мојтаба Золнур дека ако САД го нападнат Иран, Израел ќе живее уште само половина час“.

Размената на закани доаѓа откако Техеран го отфрли правото на постоење на еврејската држава, а Тел Авив го обвини Иран за воспоставување трајно воено присуство во Сирија.

ИДФ спроведува воздушни напади против, како што тврдат, ирански воени цели во арапската земја, а Техеран тврди дека испраќал само воени советници во Дамаск за да помогне во борбата против тероризмот.
Израел, исто така, ја обвинува Исламската Република дека ги поддржува терористичките групи, вклучително и Хезболах и Хамас, за кои еврејската држава вели дека претставуваат закана за нејзината безбедност.

извор: Makfax