Посетителите на Поинт Робертс прво мора да поминат преку Канада за да влезат во САД.

Со население од 1.314, овој мал град зафаќа површина од 12,65 квадратни километри и припаѓа на државата Вашингтон. Поинт Робертс е еден вид енклава, односно дел од територијата на една земја до кој може да се пристапи само преку територијата на друга земја со конвенционални средства.

За да стигнете до Поинт Робертс, кој граничи со Канада и водите на заливот Баундари, треба да поминете 40 километри преку Канада. Поинт Робертс е град со празни плажи и десетици бензински пумпи. Посетителите од надвор од регионот ретко одат на ова место. Ова е во суштина затворена заедница заштитена од владата на САД.

Кога се воспостави американско-канадска граница во 1846 година, на 49-тата северна паралела, линијата се пресече преку канадскиот полуостров, оставајќи вишок територија на САД на долниот крај, на околу 40 километри јужно од Ванкувер. Освен неколкуте кои доаѓаат во Поинт Робертс со авион или брод, други доаѓаат со автомобили од Канада.

Локалниот историчар Марк Свенсон посочува дека Поинт Робертс не е занемарен. Овој дел од територијата им обезбеди на САД риболовни права и обезбеди стратешка локација на северозападниот дел на Пацификот.

Со децении, оваа територија беше на располагање на американската војска, но во 1908 година беше решено да се распределат доселеници, претежно емигранти од Исланд.

Денес, Поинт Робертс е шумаста, рурална заедница во која се наоѓаат стотици белоглави орли.

Посетителите кои доаѓаат од прометниот, Ванкувер од 2,5 милиони  жители велат дека веднаш се одмораат додека се упатуваат кон Поинт Робертс, каде нема ништо друго освен преполн супермаркет и неколку продавници.

Постојат гласини дека Поинт Робертс е популарно место за сместување на сведоци заштитени со федералната програма и дека на десетици им е даден нов идентитет и сместување во овој дел од светот. Канада има особено строг закон и го брани влезот на оние со криминално досие, што е дополнителна заштита за наводните сведоци, бидејќи секој што влегува во Поинт Робертс мора да помине низ Канада за да влезе во САД.

Поинт Робертс не е единствената американска енклава од ваков вид. Исто така ги има Алјаска, делови од Минесота како Нортвест Енгл и Елм Поинт, и Алберг во Вермонт и  Провинс Поинт.