На 06.08.2020 во 15: 30 часот во СВР Скопје, Ѓ.Б.(77) од Скопје пријавила дека во 9 часот телефонски ѝ се јавиле две непознати лица кои ја известиле дека нејзините ќерка и зет во нас. Аеродром со возило прегазиле дете, при што едното лице се понудило да помогне како сведок на настанот, за што ѝ биле побарани пари.

По одредено време на улица во нас.Гоце Делчев во Скопје пристигнало патничко возило, со скопски регистарски ознаки, во кое имало две лица, по што Ѓ.Б. на едното му дала 52 000 денари. Подоцна пријавителката исконтактирала со нејзиниот син, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.