Во изминатиот период од 2006 и 2015 година просечната пезнија во Македонија е зголемена за цели 70 проценти. Последната пензија просечно изнесува 13.077 денари споредено со 2006 година кога беше 7.688 денари тоа е зголемување за 70 проценти, а најниската пензија е зголемена за 84 проценти, информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески давајќи отчет за сработеното во изминатите 10 години.

– Нашите пензионери со најновите зголемувања што ги вршиме од година во година имаат просечна пензија од 212 евра што е повеќе од соседните земји. Србија има 190 евра, Бугарија 164 евра, Албанија 140 евра. И она што пензионерите најмногу ги радува е што со нас знаат на што се. Тие тешко си ги заработиле, чесно работеле цел живот и затоа е значајно да ги добијат навреме и да ги добијат зголемени, истакна Ставрески.

Најави дека зголемување за пензионерите ќе има и со септемврската пензија годинава, за што, како што рече веќе се предвидени средства во Буџетот.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов информираше за проектите за бесплатна климатско-бањска рекреација и бесплатен туристички викенд.

– Проектот за климатско-бањска рекреација што го реализираме од 2010 година досега го искористија над 32.600 пензионери, од кои само овие две години 10.500 пензионери го искористија проектот бесплатна банска климатска рекреација. Проектот бесплатен туристички викенд започнавме да го реализираме минатата година. Го искористија 2.560 пензионери. Продолжуваме исто така година со негова реализација. Очекуваме да се опфатат околу 3000 пензионери, рече Спасов

Потенцира дека зе интензивира изградбата на приватни старски домови. Досега, според него, се отворени вкупно 17 приватни домови за стари лица.

– Само изминатите две години се отворени 4 нови домови за стари лица. Исто така 4 се во фаза на отворање. Продадени се дополнително три локации за изградба на вакви приватни установи и два објекти коишто беа државни, исто така, се продадени за оваа намена. Поволностите што ги воведовме на листата цена на градежното намалените комуналии, поволните кредитни линии, најдобрата мерка за грантот 12.500 евра за отворање на приватен странски дом ги заинтересираа приватните инвеститори, рече заменик министерот.

Додаде дека досега се отворени десет дневни центри за стари лица и оти се инвестира во отворање државни домови за стари лица.

– Во 2014 се отвори новата институција Сју Рајдер во Битола инвестиција околу 800 илајди евра. Во Берово минатата година се отвори мал старски дом и продолжуваме со изградба на еден поголем капацитет во Скопје. Овој објект ќе биде наменет за пензионери коишто имаат ниски примања или за материјално необезбедени стари лица. Поделен е на три фази, рече Спасов.

Тој истакна дека се очекува да се започне со негова изградба на крајот на оваа година.