Македонија, по долгиот период на транзиција, почнати и незавршени реформи и желба да се стабилизира, отворајќи ги вратите за влегување странски капитал стана мека за измамници и белосветски бизнисмени. Последиците од таквите квазиинвеститори на овие простори се очигледни. Секој втор ден работниците од фирмите купени на тендери блокираат улици и патишта и висат пред Владата со транспаренти на кои, главно, пишува: “Апа- ши!” Жално е да се гледаат таквите слики и да се живее со сценографија на измачени лица за чија судбина никому не му гајле. Неделава, неколку дена вработените од “Треска” го искажуваа својот револт затоа што новиот грчки сопственик ги оставил на цедило и не се појавува во фабриката подолго време. Во “Жито лукс” возачите стапија во штрајк и лебот не стигна до продавниците затоа што грчките сопственици прават с&”238; оваа фирма да ја доведат до распа- ѓање. Продаваат дуќани, го крчмат полека капиталот, го редуцираат производството и ги бркаат вработените. Во “Газела” познато е што се случи со италијанскиот бизнисмен кој продефилира извесно време, направи некоја зделка и му ја здувна во неповрат. Истото се случи со актерот кој го купуваше “Бучим”. “Одглуми” една бизнисменска ролја, го дестабилизира колективот и исчезна без трага. Во НИП “Нова Македонија” останаа без леб повеќе од 1.000 вработени, по кусото газдување на една фантомска словенеч ка фирма. По с&”238; изгледа, на македонската наивност &”241; нема крај. Со речиси секоја втора продажба по системот “влегување странски капитал” државата на јасли добива стотици нови сте- чајци и технолошки ви- шоци, а таканаречените капиталисти, откако ќе го соберат кајмакот се враќаат дома. При соо- чувањето со ваквата реалност, нормално е да се постави пра- шањето: кој ги контролира ваквите зделки? Може ли тукутака да дојде костумосан фраер и да извади од џеб толку колку што има, да настапи слаткоречиво и да стане сопственик. Очигледно нешто и некаде затајува. Сите оние кои им го видоа грбот на странските сопственици се упатуваат кон Владата да бараат помош, а оттаму само одговор дека Владата нема што да се меша во приватизираните фирми. Значи, кој продал нека му се мисли. Менаџерите што ставаат потпис на ваквите сомнителни договори, во голем дел, веројатно, мотивирани од примамливи провизии и други краткорочни привилегии, први го напуштаат бродот и тие се во стартот амнестирани. Остануваат само вработените да се борат за ограбениот имот и сопствената егзистенција. А тогаш се создаваат само нервози, непријатни слики и состојби како последната при посетата на штрајкувачите од “Треска” на владиниот кабинет, кога премиерот, за жал, со непремиерски речник им кажа дека не може да им помогне и ги упати, ако им е така подобро да останат да висат пред Владата или на градските улици. А, всушност, дали се пред Влада или пред семафор, не е важно. Тие остануваат на товар на државата, која последна го плаќа цехот.