На 24.07.2020 во 18 часот во Полициската станица Бит Пазар, 85-годишна жена од Скопје пријавила дека на 23.07.2020 била измамена од едно лице. Според пријавеното, околу 11: 30 часот на телефон и се јавило лицето и се претставило дека е командир на полициска станица. Како што пријавила таа, лицето и кажало дека нејзината ќерка со возило прегазила девојче кое починало и дека ако сака може да и помогне да не оди во затвор, а за возврат треба да му даде пари. Исто така, според пријавеното, оштетената дала вкупно 122.000 денари на лицето кое дошло до нејзината врата, а во 20 часот кога се слушнала со нејзината ќерка заклучила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот.