Во Културно-информативниот центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 1 утревечер (3 септември) со почеток во 20 часот ќе се отвори групна изложба „Сами заедно”.

На изложбата ќе бидат изложени слики работени во повеќе сликарски техники од 11 автори ( Аднан Алили, Агрон Салиху, Ајсер Шабани, Веса Палоши, Беган Дехару, Дардан Ахмети, Енеса Мемети, Мирсат Османи, Мухамед Идризи, Бадеме Шемсиу и Забедин Мемеши).

Изложбата ќе биде отворена до 12 септември 2015 год.