Во Галеријата на Младинскиот културен центар на 19 мај со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од Стефан Шашков насловена “Стоп’.

Овој фотографски проект како идеја е зачнат на Флорида, САД, 2016 година и е инспириран од една игра/вежба, наречена Стоп, популаризирана од руско-ерменскиот мистик, филозоф, духовен учител и композитор, Ѓорѓи Иванович-Гурџиев .

“Денес, барем на нашите простори, таа игра е заборавена, но може да се видат деца како се уште ја играат оваа игра во Ерменија и на ерменски се нарекува “Згаст# што може да се преведе како внимание и присутност, во најдлабокото значење на зборот#, вели авторот.