Изложба на инсталации „Транспарентност” на сликарите Владан Петрушевиќ од Куманово и Надица Толевска од Битола вечерва ќе биде отворена во Уметничката галерија во Куманово.

Љубителите на модерната ликовна уметност ќе имаат можност да ги видат неколкуте дела-инсталации на дипломираните млади ликовни уметници. Авторите ќе ги претстават своите концепти и истражувања во рамките на една современа визуелна култура, во која гледачот ќе биде и физички вклучен.

Настанот е организиран од страна на здружението „Кибер панк” од Куманово во соработка со НУ Музеј од Куманово.

Националната установа музеј „Куманово” во насока на афирмирање на млади ликовни уметници и презентирање на нивното творештво е отворен за соработка со сите невладини организации кои ќе ја подржат модерната ликовна уметност, изјави Драгана Спасковска кустос во НУ Музеј.

Изложбата на дела ќе биде поставена до 25 мај.