Во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид, вечерва 29. јуни, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на авторката Живка Коцева Караџовска.

Станува збор за меѓународен проект покренат од продуцентот Зоран Шкуго од Хрватска.

Изложбата ќе биде надополнета со првата класична композиција „Теслина молња” подготвена во чест на големиот научник Никола Тесла.

Ова е прва композиција од албумот во негова чест и има добиено највисоки оценки од порталот „Беат 100″ кој ги оценува музичките композиции и видео спотови.

Уметницата со сликарството активно се занимава од 2004 година и до сега има одржано повеќе групни и самостојни изложби во земјава и во странство, како и на интернационални изложби од хуманитарен карактер.

Делата на Коцева Караџовска се застапени и на повеќе интернет страници од интернационален карактер, корици на каталози, списанија за уметност, илустрации во книги каде се рангира со највисоки оценки.