Културната манифестација Скопско лето 2016 стартува со изложбата “Обичниот човек” на Жарко Башевски која ќе се отвори вечерва (21 јуни) во Чифте амам со почеток во 20 часот. Куратор на проектот е Горанчо Георгиевски.

Творештвото на Жарко Башески е изложувано во повеќе галерии и музеи, има остварено повеќе скулптури во јавен простор (Александар Македонски, Гоце Делчев, Даме Груев, Св. Кирил и Методиј…) и беше претставник на Македонскиот павилјон на 54-тото Меѓународно уметничко биенале во Венеција, 2011 година.

Интересот во неговото творештво е свртен кон човекот, па оттаму и интересот за хиперреалистичкиот приод во обликувањето на концептот на делото, кој во идејната проекција го надминува и хиперреализмот и говори за животот и реалноста во која живееме.

Изложбата ќе биде поставена до 15 август 2016 година.