Тројца загинати е билансот на две сообраќајни несреќи што се случија во Велешко и Кочани. Полицијата информира дека во близина на крстосницата за езерото Младост излетал автомобил сеат ибица каде загинал возач од Скопје, додека две лица загинале на магистралата Штип-Кочани откако пасат директно удрил во камион мерцедес.

Во близина на наплатната рампа Сопот на автопатот Скопје-Велес, завчера околу19 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби Панче С. (35) од Скопје. Според портпаролот ана СВР Велес, Димитрија Андонов до несреќата дошло кога автомобил сеат ибица кој го управувал Панче С., поради неприлагодена брзина преминал на другата страна од коловозот, изгубил контрола над возилото и излетал во провалија.

Драги Димитров (55) од Горни Подлог и Славко Стојов (53) од Облешево им подлегнаа на повредите по сообраќајка што се случи завчеравечер на нагистралата Штип-Делчево кај обиколницата за Кочани. Околу 20,45 часот автомобил фолксваген пасат кој се движел во правец на Штип од засега неутврдени поричини директно удрил во камион мерцедес бенз кој го управувал Т.Ѓ. (51) од село Јакимово, Виничко. Возачот Димитров и сопатникот Стојов биле пренесени во Здравствениот дом во Кочани, но таму лекарите констатирале смрт.

(С.А.)