Триесет и едногодишник од крушевското село Нерово е полесно повреден при денешната сообраќајна незгода што се случи на автопатот Тетово-Гостивар.  Сообраќајката се случила околу 16 часот и 30 минути на автопатот кај клучката за излез кон Камењане.

-Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила. Мерцедес со германски регистерски ознаки што бил управуван од Н.У (55) од село Дебреше, Гостиварско и бе-ем-ве со крушевски регистрации што го возел Е.А (31) од селото Норово. Во незгодата БМВ-то излетало од коловозот, по што лесни повреди добил возачот кој бил сам во автомобилот. Возачот на мерцедесот кој, исто така, бил сам во возилото, не е повреден, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, повредениот бил вратен на местото на незгодата.  Увид се врши од службеници на СВР Тетово.