Пред неколку дена излезе трејлерот за филмот „The Two Popes“ односно „Двата папи“, со Ентони Хопкинс и Џонатан Прајс во главните улоги.

Филмот е во режија на оскаровецот Фернандо Мирелес, а приказната, како што е опишано од авторите, следи еден од најдраматичните трансфери на моќ во последните 2.000 години.

Во филмот е прикажан денешниот папа Франциск (Џонатан Прајс), кој во 2012 година, фрустриран од насоката во која се движи Црквата, бара дозвола за пензија од тогашниот папа Бенедикт.

Филмот премиерно е прикажан на 31 август на Филмскиот фестивал Телурид во Торонто, а во одбрани кина и театри во Велика Британија и САД ќе биде прикажан на крајот од ноември.

Премиерата на „Нетфликс“ е најавена за 20 декември.

извор: Makfax