x

Излезе видео-снимка од Манџукиќ во дресот на новиот тим

Марио Манџукиќ денеска треба да потпише договор со новиот тим. Хрватскиот репрезентативец кој ги минуваше најтешките денови во неговата кариера како член на Јувентус донесе одлука.

Иако се чинеше дека ќе го видиме како член на Манчестер Јунајтед, сепак се сели во Катар, пишува Скај.

На социјалните мрежи излезе видео-снимка од Манџукиќ во опрема од новиот тим. Станува збор Ал Духаил, според неофицијални извори тој ќе заработува повеќе од шест милиони годишно.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата